Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

 

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Поточно, тоа се наоѓа во северозападниот дел на Општина Струмица. Ова населено место во Струмичката Котлина сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле веднаш по долот на реката Водочница кој претставува преслап меѓу планините Еленица односно Плавуш и Смрдеш. Од најблискиот град Струмица е оддалечена 11 километри. Вељуса претставува развиен рурален центар со свој урбанистички план и со добра инфраструктурна уреденост и поврзаност, како aсфалтирана патна мрежа, водовод, електрична мрежа, телекомуникациски врски. Населбата е ридска на надморската височина од 330 до 360 метри. Има голем атар кој се издигнува на југоисточната падина на планината Смрдеш, каде се допира со просторот на Општина Василево. Површината на атарот на Вељуса изнесува 29,6 км2 на кој преовладуваат шумите на површина од 1615,5 ха. обработливото земјиште зазема 909,6 ха, а на пасиштата 101,9 ха.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Вељушки манастир

Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Македонија.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Според сочуваните записи на двата архитрава кои биле однесени од бугарските власти за време на Првата Светска војна во Софискиот археолошки музеј, црквата ја подигнал на северните падини на планината Еленица на бигореста карпа монахот, а подоцна струмички епископ Мануил во 1080 година кој дошол од Халкедонскиот манастир Св. Авксентиј од малоазијската област Витинија во Вељуса. Од споменатите извори дознаваме дека манастирот Св. Богородица Милостива (Елеуса) бил изграден над некогашното село Палеокастро во Темата Струмица по кој и селото го добило денешното име.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Манастирот се споменува и во Грамотите на византискиот император Алексиј I Комнин 1085 година, во една од годините на 1091 или 1094 година оваа манастирка црква била лично посетена од византискиот император Алексиј I Комнин, кој за нејзините убавини изразил силен восхит во пишаните извори. Се споменува во Типикот за манастирот составен од основачот Мануил меѓу 10851100 година, неколку документи од византискиот император Мануил I Комнин со Практикот од 1152 година и две Грамоти од Српскиот цар Стефан Душан од 1346 година дадени на Иверонскиот манастир.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Живописувањето на црквата е изведено во три временски периоди и тоа: во олтарот, подкуполниот простор во наосот и ѕидовите, конхите, и капелата, 1085 год. во тремот од 1164 год. и во наосот од 19 век, со доста локални сликарски призвуци.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Фреско – ансамблот во црквата е со иконографски симболични содржини и претстави преземени од Стариот и Новиот завет: Литургиска служба на светите Архиереи со Хетимазијата (Христово жртвување) и Богородица со Исус Христос седната на трон во олтарниот простор. Во централниот куполен простор е насликан Исус Христос Вседржител, додека под него на ѕидовите од тамбурот се претставите: Пресвета Богородица ШиршајаСв. Јован Крстител, двајца архангели, четворица пророци (езекиј, АвакумЕремија и Давид). Во северната конха е Слегнувањето на Исус Христос во пеколот и Сретение Господне е во јужната конха. Во јужната капела Св. Спас во куполниот простор претставен е Исус Христос Емануил, на источниот ѕид Исус Христос во слава и портретот на Свети Пантелејмон на западниот ѕид.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

На јужната фасада под тремот е композицијата Свети Онуфриј во пустина посетен од монахот Св. Панфнутиј и стилизиран вегитабилен мотив. Во стилско – ликовен поглед оваа сцена и мотивот се блиски на фреските во Нерези насликани во 1164 година.

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Во наосот на црквата зачувана е и олтарната преграда, изведена во мермер со стилизирани растителни и геометриски мотиви изведени во плиток релјеф. Во подниот мозаик застапени се геометриски мотиви и ги пратат основите на конхите во централниот дел од наосот, натрексот и јужната капела.Изградбата на Вељушкиот храм е карактеристична и по многу претенциозните желби на основачот: не со димензиите, туку пред се со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби да ги надмине сите постојни уметнички остварувања на црквите во струмичката средина.

Честит и вечен да е празникот денешен , празникот на кој е посветен манастирот убав Вељушки , раѓањето на мајката Исусова , мајката пресвета Богородица.

 

Посетете го нашиот YouTube канал.

Travel Advisor

Есенски дестинации , Милано

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Рим за почетници