Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

 

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Легендата вели дека португалските истражувачи, кога го основале Рио, мислеле дека се наоѓаат на река, а не на океанот, а новооткриената локација била наречена Рио де Жанеиро (Јануарска река).

Што да се види во Рио?

Статуата на Исус Исцелител.Корковидо, планината наречена Грбавец, поради својот специфичен изглед, е местото каде што се наоѓа највпечатливиот  знак за градот, статуата на Исус Христос (Cristo Redentor) . Статуата е висока 30 метри и е поставена во 1931 година. Таму се доаѓа со панорамски воз и се стигнува за 20 минути. Ако времето дозволи, можете да уживате во неверојатниот поглед на градот, плажата и целиот залив додека се возите. Во текот на ноќта статуата е осветлена и може да се види од целиот град.

 Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Национален парк Tijuca

Неколку градови во светот имаат национален парк на 15 минути од центарот. Floresta da Tijuca е парк со површина од 120 квадратни километри и го претставува она што остана од дождовната шума на Атлантикот. Паркот е рај за планинарите, но и за оние кои не им се допаѓа градот. Никогаш не одете сами и без мапа, затоа што лесно може да се изгубите, и покрај патеките што ги има. И внимавајте на очилата за сонце, мајмуните сакаат да ги крадат. Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

favela

Искуството на вистинскиот Рио. Многу туристи плаќаат туристички посети на фавелата. Ако сте со локално лице кое претходно го најавило вашето пристигнување, побезбедно е да сте во фавелата  одколку на улиците во Рио. Мафијата се грижи за редот и мирот бидејќи е од интерес за нивната работа. Фавелата е држава во држава и никогаш не спие. Бразилците имат различни мислења за фавелата, но сите се согласуваат дека таму има најдобри забави.

 Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Lapa

Сржта на ноќниот живот на Рио де Жанеиро е, секако, квартот  Лапа. Во петок и сабота главната улица се затвора за сообраќај и може да пешачи и да се танцува непречено. Одете покрај безбројните кафулиња и ресторани кои ги поставуваат масите веднаш до патот и се слушаат традиционалните звуци на самба, румба ,боса нова.

 Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Шеќерната глава

Шеќерната Глава( Pão de Açúcar) од каде што има неверојатен поглед на целиот Рио. Шеќерната глава е висока 395 метри, а оваа монолитна карпа е стара  600 милиони години. До врвот води жичарница, на секои 20 минути, па така веќе 100 години. Бидејќи е цела од стакло, погледот од самата жичара е спектакуларен, а возењето е прекрасно искуство.

 Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Стадионот Маракана

Стадионот Маракана во Рио де Жанеиро е веројатно најпознатиот фудбалски стадион во светот. Тој е еден од најголемите во светот. Стадионот  неговото  име Маракана, го добил по квартот во кој се наоѓа, инаку зборот „маракана„ е вид на папагал од северен Бразил. Стадионот е изграден за Светското фудбалско првенство, кое се одржа во Бразил во 1950 година. Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Санта Тереза

Санта Тереза е еден кварт во централниот дел на Рио де Жанеиро, позната по своите стари градби и трамваи кои минуваат по улиците. Се наоѓа на рид во близина на квартот Лапа. Квартот Тереза е исто така познат по својата кујна, а најпознат е плоштадот Ларго дос Гумараш. Санта Тереза е неизбежна станица во туристичката турнеја во Рио. Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Travel Advisor – Alpe Adria

YouTube

за комплетни аранжмани за Рио кликнете овде

Москва – град, метропола, историја, футуризам

Рим за почетници

Povijest karnevala u Veneciji