Сејшели , острови на „вечното сонце“

Сејшели , острови на „вечното сонце“

Сејшелски Острови е островска држава во Индискиот Океан. Државата е всушност архипелаг од 115 острови кои се наоѓаат на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Во близина на Сејшелите се наоѓаат и останати држави и територии, како на пример Занзибар на запад, Маврициус и Реинион на југ и Коморите и Мајот на југозапад. Вкупната површина на Сејшелите изнесува 451 километар квадратен каде живеат околу 84.000 жители, што ја прави најмала држава во Африка по бројот на населението. Официјални јазици во државата се сејшелски креолски јазиканглиски јазик и француски јазик, додека главен град е Викторија.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Како туристичка дестинација, Сејшелите се совршен избор за љубителите на романтичен одмор. Теренот е нископланински, со тропски шуми, а околу островите има многу корални гребени.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Кога би се обиделе да ги собереме убавините на архипелагот на еден список, истиот би бил прилично долг. Ситниот сребрен песок се протега на лево и десно до крајот на островот. До вас се наоѓа кристално чисто и сино море.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Зад вас – чудни палми, некои од нив растат буквално хоризонтално, надвиснувајќи над морето, а зад нив – живописен ридски релјеф. Дождлива сезона речиси и да нема, иако топлите и моќни дождови знаат да се појават одеднаш, но брзо поминуваат.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Националната валута во државата се вика Сејшелска рупија. За време на колонијалниот период главни извозни продукти во државата биле ванилата, копрата и циметот. Со отворањето на аеродромот во 1971 година, туризмот станал сериозна индустриска гранка. Така економијата на државата се базирала врз туризмот и плантажите.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Бидејќи Сејшелите не биле населени пред колонизацијата, односно немале староседелско население, денешните Сејшелци се мешавина од различни етнички групи кои емигрирале на островите. Така, населението е мешано со африканско, француско, индиско и кинеско потекло.Сејшели , острови на „вечното сонце“

Сејшелите се навистина дестинација „пар екселанс“.Доколку одлучите да патувате на Сејшелите, ќе имате прилика да имате незаборавен одмор уживајки во хармонијата која овде преставува начин на живот.

Youtube

Travel Advisor – Europa

Античкиот град Стоби

Марсеј е главен град на медитеранската култура

Многу хотели , многу ѕвезди – Хургада