Ски центар Valfréjus – забава за сите

Ски центар

Valfréjus е млад и динамичен ски центар со атрактивни цени. Се наоѓа непосредно на италијанско – француската граница, прв ски центар зад тунелот Frejus.
Големата надморска височина гарантира добри снежни услови од Декември до Април.
Поголемиот дел од ски центарот е покриен со Wi – Fi конекција која во Fréjus се наплаќа. За децата има Kid Park, мини диско и кино. Има и зимски адреналински парк, zip line и две патеки во боб паркот, секоја со различни санки. Возрасните можат да се релаксираат во Darjeling Club – от кој нуди сауни, џакузи, масажи… додека децата ги чуваат во ноќна детска градинка.

Скијање-Алпи-Valfrejus

Сите сместувачки капацитети се изградени во последните 10 години и се наоѓаат веднаш до ски – центарот. Од 2009 година, повеќе од 20 милиони евра се инвестирани во инфраструктурата на овој ски центар. Старите уреди се заменети со нови, така што ова е едно од ретките ски центри во Франција, кои можат да се пофалат со повеќе од 80% ски лифтови помлади од 5 години. Исто така, уредено е и одлично големо подрачје за почетници и деца. Нови се и патеките Modanais, Dolce Vita и Argentier, патеката Col ја реновираа и во селото поставија осветлување за ноќно скијање и санкање каде што има и вечерни случувања.

Пешачење, диви прошетки во масивот Табор, возбудувања на Виа Ферата или забавниот парк, културно откривање на пограничниот регион богат со историја, наследство, музеи … Овој убав пријателски ресорт со радост ни посакува добредојде и ветува одличен престој.

Скијање-Алпи-Valfrejus

Ако се одлучите за ски одмор во Valfrеjus, може да резервирате два вида на ски карти.

СКИ КАРТА VALFREJUS LA NORMA ESKI-MO: 65км ски патеки
Ски картата  La Norma и Valfrejus Ви овозможува скијање во  убавата ски област на Савојските Алпи со вкупно 70 км совршено уредени ски патеки во La Normа и 65 км патеки во Valfrejus. Бесплатен шатл – бус вози помеѓу ски терените на секои 40 минути од Недела до Петок.
Ски картата покрај скијање во областа на La Norma и Valfréjus, вклучува и по еден ден скијање на подрачјата на Aussois, Val Cenis Vanoise, Bonneval – sur – Arc и Bessans (крос – кантри патека) – вкупно  325 км ски патеки. Бесплатен превоз до Aussois, Val Cenis, Bonneval-sur-Arc, кој вози еднаш или два пати на ден од Понеделник до Петок  според распоред објавен во туристичкиот инфо сервис и потребна е резервација еден ден пред заминување.

Скијање-Алпи-Valfrejus

Во периодот на важност на ски картата е можно да се купи еднодневна ски карта за подрачјето Val Thorens – Orelle, со доплата од 33 € или подрачјето 3 Vallees со доплата од 37€ која можете да ја купите на благајната на гондолата Orelle (30 минути возење оддалечена од Valfréjus).

Извор: SkiFun – Valfréjus

Посетете го нашиот YouTube канал.

Вал Торенс – ресорт каде среќата е филозофија

Скијачки центар Tignes

Vail Resorts компанијата – водечка во ски-светот