Струмички карневал низ очите на маските

Струмички карневал низ очите на маските

 

Струмички карневал , убавините на маскитеСтрумички карневал низ очите на маските

Струмичкиот карневал традиционален настан под маски потекнува од паганските времиња и исконската потреба на луѓето да се маскираат да представуваат нешто друго или некој друг , тоа е годишен настан што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.Струмички карневал низ очите на маските

Почетокот на постот, односно првите три дена се наречени тримерски денови , тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторник вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа, што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерски денови, треба да се направи разликување, односно треба да се напомене дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време.Струмички карневал низ очите на маските

Поради мешањето на паганските обичаи , христијанските обичаи и сега влијанието на модернизмот маските се лепеза од прастари пагански до нови научно фантастични и надреални.Струмички карневал низ очите на маските

Исто така во последните две децении се зголеми и бројноста и големината на маските па тие од својата паганска суштина се трансформираа во еден модерен карневал кој веќе не се одвива само од куќа до куќа туку по улиците на градот како и поголемите карневали низ светот.Струмички карневал низ очите на маските

Историски за карневалот во Струмица се смета дека е со многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Тој, минувајќи низ Уструмџа, запишал: Дојдов во еден град, расположен во подножјето на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна… што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица..Струмички карневал низ очите на маските

Во поново време, карневалот добил посовремена, модерна димензија, со некои влијанија од слични карневали во светот, а истовремено добил и награден карактер. Меѓутоа, традиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останал.

Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, учесниците на карневалот настојуваат да ја покажат вечната борба меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмотиронијатасатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со голема живост и динамика, карактеристична за струмичани.Струмички карневал низ очите на маските

Маските се прават по избор на самите учесници. Секој учесник си избира своја тема и идеја за маскирање, додека групните маски се заедничка идеја на целата група. Од видовите на маски, најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Бројот на учесниците на карневалот, како и бројот на посетителите, од година во година се зголемувал, а покрај локалните учесници, редовно учествуваат и гости од странство па дури и од прекуокеанските земји со позната карневалска традиција.Струмички карневал низ очите на маските

Во склоп на карневалската манифестација во струмица се одржува и посебен детски карневал на кој и најмалите маскирани учесници во карневалот можат да земат учество.

Во 1995 година Струмица со својот карневал се вклучила во големата фамилија на карневалските градови во светот, односно била примена во FECC – Здружение на европски карневалски градови, а во 1998 година Струмица била и домаќин на Конгресот на оваа светска асоцијација.

Во 2018 година, следејќи се по обичајот во други карневалски градови во светот, било воведено „предавање на клучот на општината“ од страна на градоначалникот на Струмица на организациониот одбор на карневалот, симболично укажувајќи на тоа дека градот сега е „под управа на карневалџиите“. Исто така, заедно со знамињата, осумте дена додека трае карневалот, се вее и знамето на Струмичкиот карневал.

 

 

Струмички карневал низ очите на маските

Напишано и преуредено од Боре Цикалов користени материјали од разни извори за струмичкиот карневал и википедија и оригинална фотографија на авторот со маска 🙂

 

Travel Advisor – putovanja.

посетете го  YouTube kanal.

Венецијанскиот карневал-убавината со маска

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

Одмор во Југоисточна Азија