Тајните на „Notre Dame„

Вчера во големиот пожар што ја зафати црквата „Notre Dame„ беа уништени кулата и крововите на париската катедрала една од најважните француски и светски културни знаменитости. Оваа вест разбуди силни реакции и голема тага како во Париз така и ширум светот.Француската влада веќе најавија целосна  обнова на готичкото ремек дело .

Тајните на „Notre Dame„

За почеток треба да знаеме дека темелите на оваа црква се положени 1163 година за време на владеењето на кралот Луј VII. Изградена е на островот Île de la Cité na Sein. Градбата траела голем дел од наредниот век а во 19.век е направена голема реконструкција. Таа реконструкција е направена делумно заради популарноста на романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ а делумно заради покажувањето на поголем интерес кај Парижаните за готиката и архитектурата од тоа време.Тајните на „Notre Dame„

Романот на Виктор Иго и помогна на катедралата да стане позната во светот а за Notre Dame одсекогаш се раскажуваа и се раѓаа легенди. А досега во врска со неа или како сцена има послужено за повеќе филмови.По легендата во 13.век маледот ковач Biscornet добил задача да направи железни украси за споредната врата.Тој со месеци макотрпно работел за да ги направи украсите. Парижаните до таа мерка ги запрепастил со своите ракотворби што почнале да се сомневаат дека тие се дело на човечки раце. А во тоа време најлогично било да „заклучат„ дека тој има склопено договор со ѓаволот.Неговата ненадејна смрт само одеше во прилог на приказните кои се проширија низ Париз , па таа врата ја нарекоа ѓаволска.Тајните на „Notre Dame„

Легендата вели дека дури и во фасадата има скриено тајни пораки.Медалјонот на главниот влез наводно го чува рецептот за Каменот на мудроста. Оваа алхемијска супстанца според  легендата може да претвори метал во злато ,ако се пие лекува,подмладува и го прави човекот бесмртен.Тајните на „Notre Dame„

Во катедралата доминираат две камбани од 13. век а од петте камбани кои се наогаат овде најголемата се вика Emmanuel. Во 2013 година катедралата доби уште камбани со вкупна тежина од 23 тона , ама Emmanuel остана оригинална камбана одXVII.век.Тајните на „Notre Dame„

Катедралата Notre Dame е изградена на место каде постоел стар римски храм посветен на Богот Јупитер. До врвот на камбанаријата на катедралата водат 387 скали на кои е галерија од митските створења  himeri. Најпозната е vodoriga која седи на врвот на катедралата и ја држи главата потпрена на дланките посматрајки го Париз.Тајните на „Notre Dame„

Во оваа црква славниот Виктор Иго ја сместил приказната од познатиот роман „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз„. Сите знаеме за Quasimodо главниот лик , кој со својата појава буди чуство на страв кај Парижаните , па за да ги избегне средбите со своите сограѓани го нашол својот дом во катедралата каде станал служител. Интересни се и Gargoyle кипови со грозни лица кои служеле за собирање вода.Тајните на „Notre Dame„