Технологија – „Хибриден брод за крстарење„

 

Hurtigruten, најголемата светска компанија за крстарење ,влезе во историјата оваа недела воведувајќи го првиот  хибриден  брод за крстарење на батерии и го премина легендарниот северозападен премин и преку Атлантикот стигна до водите на Пацифичкиот океан.

Технологија - „Хибриден брод за крстарење„
Hurtigruten’s cruise ship MS Roald Amundsen 

Кога бродот , пристигна во Ном, Алјаска, вечерта на 10 септември, капетанот Kai Albrigtsen напиша во  дневникот на бродот:

„Првото патување  од преку 3.000 наутички милји и поминување од Атлантикот кон Пацификот, со хибриден погон„

 

Пред само неколку години, градењето на бродови за крстарење на батерии се сметаше за невозможно.Но со напредувањето на индустријата за производство на батерии од последната генерација и модерните компјутеризирани управувачки системи тоа веќе е реалност.

Технологија - „Хибриден брод за крстарење„

Бродот „MS Roald Amundsen„, опремен со големи акумулатори и најсовремена технологија, направи „глобални зелени бранови„ во индустријата за крстарење и транспорт со употреба на батерии за поддршка на неговите мотори. Ова значи дека емисиите на штетни гасови се намалуваат за повеќе од 20%.

Технологија - „Хибриден брод за крстарење„

„MS Roald Amundsen„ ќе го продолжи своето патување по брегот на Северна и Јужна Америка,  нудејќи еднодневни крстарења на Антарктикот.Летото 2020 година,„MS Roald Amundsen„ потоа ќе се врати во Северна Америка.„Hurtigruten„ има за цел да постави три бродови низ поголемите пристаништа, користејки ги хибридни бродови за крстарење .

Youtube

Travel Advisor

Тестиран е најдолгиот непрекинат лет во светот од Њујорк до Сиднеј

Верувале или не веќе се размислува и за патнички електрични авиони

…приказна !!!