Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор …

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

 

Занзибар или „Земја на црнците“(како се преведува) е корален остров во Индискиот Океан и дел од источно-африканската земја Танзанија. Во последниве години тиркизниот Занзибар е  туристичка дестинација која мора да се види. За тоа постојат многу причини. Верувајте, само три дена ви требаат, за да се заљубите во овој живописен остров.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Тиркизниот  Занзибар е дестинација за цела година, освен во април и мај. Тоа е период на монсунските  дождови, влажност и комарци. Во отсуство на опасни животни, комарците може да бидат ваши единствени непријатели. Маларијата официјално не постои. Жолтата треска е минато. Вакцини не се потребни освен ако не доаѓате од одредени африкански земји. Летајте со проверени авиокомпании, кои имаат добри врски со светот , ние ви ја препорачуваме „Qatar Airways“ . Ќе пристигнете на посакуваната дестинација безбедно, во удобен авион, со љубезен персонал, и нема да ви биде изгубен багажот. Едноставно, на долго патување секогаш треба да одите со реномирани авио-компании за да бидете сигурни дека ќе пристигнете каде и да одите.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Задолжително ви треба и виза за Занзибар. Но, не грижете се бидејки сите ја добиваат. Потребни документи за виза се:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 2 слики пасошки формат;
  • Копија од авиобилет;
  • Копија од ваучер;
  • Потврда за вакцинација против Жолта треска.

И не само тоа. Ви земаат и отпечатоците од прсти на двете раце. Опуштено, ништо не боли.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Тиркизниот Занзибар има богата историја и традиција. Потрудете се да ја запознаете.  Поради својата географска положба, Занзибар отсекогаш бил цел на освојувачи и колонијалисти. Независноста ја добил дури во средината на 19 век. Тиркизниот Занизибар има еден град – Стоун Таун. Мора да го посетите. УНЕСКО го заштити овој град како една од стотиците најважни во светот. Во Стоун Таун има сведоштва за богатата историја на островот. Безброј испреплетени, тесни улички, пазари на кои секогаш е гужва, безброј џамии и големи арапски куќи со прекрасни дрвени врати. Има уште многу места кои треба да се посетат, музеи, Англиканската катедрала под која се наоѓаат ќелиите каде биле затварани робовите и уште многу многу интресни места  …

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Најголем дел од населението се муслимани и тоа околу 98%. Треба да внимавате на  верските празници, како и на облекувањето, особено за жените, ако одите на турнеја на одредени културни и верски места.Официјалниот јазик на Занзибар е свахили, иако скоро целото население го зборува англискиот јазик, бидејќи тоа е втор јазик што го учат во училиштата.Постои еден главен пат низ Тиркизниот Занзибар кој го поврзува целиот остров. Се вози на левата страна. Секое скршнување од патот води кон неасфалтирани патишта. Осветлување на патот не постои. Патот за луѓето од Занзибар е многу значаен. По патот лугето одат на работа, до другото село, до училиштето, го користат патот за одмор,покрај патот се собираат групи мештани за дружење.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Официјална валута во Занзибар е танзанискиот шилинг. Американскиот долар е најшироко користен (оној печатен по 2006 година),а примаат и евра. Парите менувајте ги само во проверени менувачници.На тиркизниот Занзибар лугето сакаат да се ценкаат па никогаш не ја прифајќајте првата понуда. На тиркизниот Занзибар се наоѓаат едни од најубавите плажи во светот. Бел песок, тиркизни води, палми, недопрена природа, сето ова е доволно за да уживате на овој остров во Индискиот Океан.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Сместувањето во Занзибар е различно. Од невројатни ресорти со 5 ѕвездички до интересни хостели сместени на самата плажа. Во зависност од вашите желби може да се одлучите за рајска релаксација или активен одмор и запознавање со најразлични дестинации. За целосно да се вклопите со Занзибар, да го доживеете како што навистина е, да ја разберете неговата суштина, душата и карактерот на неговиот народ, вистинскиот избор е активен одмор и посета на повеке дестинаци ширум тиркизниот Занзибар.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

На  тиркизниот Занзибар ако сте турист мора да уживате во локалната храна и тоа во онаа што се лови свежо во океанот – сабјарки, октоподи, туна, јастог, лигњи … Луѓето во  Занзибар јадат она што го наоѓаат во близина на куќите, овошје и зеленчук, и она што го ловат во морето. Морската храна и морски плодови се подготвуваат со локални зачини. Тие особено сакаат да го користат кари-то.  Теркизниот Занзибар е познат по зачините како ванила, цимет, какао и каранфилче. Трудете се да јадете сè што е од морето, помалку месо,мелено никако. Бидете сигурни дека рибата е купена од потврдени добавувачи, како и месото. Ако јадете во ресторани, осигурете се дали се добро проверени. Јадете само зеленчук кој е термички обработен. Салатите не се баш препорачани, исто така. Пијте вода во шишиња и отворете ги сами шишињата. Од другите пијалоци е пожелно да се пие сè што е запечатено во шишето, а кога ќе го отворите, избришете го врвот на шишето пред да почнете да пиете. Овошје јадете само она што е со кора на пример – лубеница, банана, кокос, ананас, манго …

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Не пропуштајте да се дружите со локалното население. Луѓето се смешкаат, љубезни се, пријателски расположени , иако нивниот живот не е лесен. Жителите на Занзибар се сиромашни, но сепак живеат малку подобро отколку во некоја друга африканска земја. Децата се магични, ведри и насмеани, тие веднаш ќе потрчаат кон вашата прегратката.Жените ретко се среќаваат, а комуникацијата со нив е доста ограничена. За да ги запознаете сите убавини на тиркизниот Занзибар, мора да одете на екскурзии, „Blue safari“ ,посети на Стоун Таун, посети на најубавите плажи на  тиркизниот Занзибар (Paje, Michamvi Kae) и Националниот парк Јозани се само некои од екскурзиите што не треба да ги пропуштите. На сите патувања треба да одите со проверени водичи и агенции.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Теркизниот Занзибар има нешто да понуди и во спортските активности. Кајакарство, нуркање во вода, скијање на вода, сурфање, традиционални бродски патувања со бродчињата наречени “Гарауа”,  риболов во длабоко море, се уникатните  авантуи во кој можете да уживате. Занзибар е корален остров, па нуркањето го одзема здивот поради богатиот подводен свет. Ќе можете да  видите баракуда, туна, октопод, јастог, ража, желка и стотици различни риби, голем број корали, во зависност од местото на нуркање и урнатините на потонатите бродови, сабјарки, делфини, па дури и неколку видови ајкули далеку во морето. Морето не е ладно, е многу бистро и длабочините се многу далечни од копното.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Занзибар не е многу безбеден, особено ноќе. Можете лесно да бидете ограбени ако не се придржувате кон некои правила. Кога се стемнува, секогаш да  се движите околу местото каде што сте стационирани. Ништо нема да ви се случи, дури и ако сте излезени сами во текот на денот, но не и ноќе.Може да се случи да немате сигнал за мобилен, но во сместувањето, кафулињата, рестораните има Wi-Fi. Струјата е ужасно слаба и мора да ги носите адаптерите за напојување кои имаат британски стандард. И на крајот, многу е важно со кого патувате. Колку подобра екипа, толку подобра забава.

Занзибар затоа што едноставно ви треба одмор ...

Ако некогаш имате можност, , одете во златно тиркизниот Занзибар. Верувај дека тоа ќе е лубов на прв поглед.

Travel Advisor

YouTube

Едноставно – К И Н А

Одмор во Југоисточна Азија

Пи Пи Острови