Халкидики , убавина во близина

Халкидики , убавина во близина

 

Халкидики, е полуостров и регионална единица на Грција, дел од Регионот Централна Македонија во северна Грција. Автономниот полуостров Света Гора го претставува најисточниот дел на полуостровот.Халкидики , убавина во близина

Главниот град на Халкидики градот Полигирос, кој се наоѓа во центарот на полуостровот. Халкидики е популарна летна туристичка дестинација.Халкидики , убавина во близина

Polygyros

Халкидики е популарна летна туристичка дестинација од крајот на 1950-тите години, кога луѓето од Солун почнаа да ги користат своите одмори во крајбрежните села. Во почетокот туристите изнајмувале соби во куќите на локалното население. До 1960-тите, туристите од Австрија и Германија почнаа почесто ги посетуват Халкидиките.

Халкидики , убавина во близина

Potidea Cassandra Halkidiki

Од почетокот на големиот туристички бум во 1970-тите, целиот регион е зафатен од интензивен туризам кој  подразбира развој на сите гранки кои се потребни за развој на оваа област од економијата.

Халкидики , убавина во близина

Византиска кула, Nea Fokea

За барем малку да ја доближиме убавината на Халкидиките овде можеме да ви презентираме некои локации кои од мали рибарски села сега прераснаа во вистински мали туристички гратчиња кои нудат се , од традиционалниот балкански туризам со сместување по куќи кои сега веќе се претварат во убави вили и хотели па до елитен туризам во големи ланци од познати брендови на хотели.Халкидики , убавина во близина

Porto Carras хотел во Sithonia

Ситонија , исто така позната како Лонгос, е полуостров на Халкидиките. Полуостровот Касандра лежи на запад од Ситонија и полуостровот Света Гора на исток. Ситонија е исто така главна општина на полуостровот Ситонија. Седиштето на општината е градот Никити.Халкидики , убавина во близина

Неос Мармарас  е исто така град на полуостровот Ситонија.Во 2011 година, Неос Мармарас имал 3.352 постојани жители; сепак, популацијата во летниот период знае да достигне и до 20.000 заради огромниот прилив на туристи. Главните индустрии се туризмот, земјоделството (маслинки, вино и мед) и риболов.Халкидики , убавина во близина

На кракот Ситонија има толку многу сместувачки капацитети , од вили , хостели па до луксузни хотели со пет звезди , за да ви помогнеме да разгледате некој од нив кликнете на овој линк.

Касандра како што веќе спомнавме е нај западниот прв крак на Халкидиките. Административен центар е Валта (Касандрија). Тука исто така во периодот на интензивниот развој на туризмот ,никна нови крајбрежни локации кои се случува преку зимскиот период да немат воопшто жители а во летниот период да се бројат во десетици илјади. И овде особено за нас македонците се многу познатите Полихроно ,Ханиоти ,Пефкохори,КалитеаХалкидики , убавина во близина

и уште неколку „дузини„ помали места кои имаат прекрасни плажи и чисто море.Исто како на Ситонија и на кракот Касандра има  многу сместувачки капацитети , од вили ,  па до луксузни хотели , и овде да разгледате подетално за некои од сместувачките капацитети одете на следниот линк.Халкидики , убавина во близина

Секако на крајот можеме да заклучиме дека особено за македонските туристи заради близината и лепезата на услуги и убавини кои ги има на Халкидиките е меѓу најдобрите избори за викенд и годишен одмор.

Travel Advisor – патувања

Посетете го нашиот  YouTube канал

Лондонски атракции а “free”…

Тиркизниот Занзибар

Прво патување за Кина