„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата – Милано

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

 

Duomo di Milano

Duomo di Milano е една од најимпресивните верски објекти во Европа. Се наоѓа во центарот на градот на истиот плоштад. Под плоштадот има метро станица, така што оваа локација е лесно достапна. Катедралата е изградена пред околу 500 години. Изградбата започнала во 1386 година и била завршена во времето на Наполеон.

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

Причината била тоа што Наполеон сакал да се круниса во него како крал на Италија. По катедралата на Свети Петар во Рим и Sevilji Duomo е трета по големина катедрала во светот. Гледајќи од надвор, изгледа совршено, изрезбарена со повеќе од 2000 статуи од бел мермер, сигурно е една од најубавите во светот. Импресивен пример за архитектура и уметност со распетието на Леонардо Да Винчи кое е исто така во Duomo di Milano .Се препорачува да ја посетите и терасата на катедралата од каде што погледот на Милано е незаборавен. За посета на терасата се потребни билети кои можат да се купат онлајн или да се купи цела туристичка тура низ катедралатата а и до Милано.

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

Galleria Vittorio Emanuele II

Постои уште една импресивна градба на истиот плоштад спроти катедралата. Вреден да се посети веројатно најубавиот трговски центар на светот. Ако не сте заинтересирани за продавници, прошетајте низ покриените тротоари и  восхитувајте се на архитектурата. Посебна атракција се толпите луѓе пред дизајнерските бутици. Орди Азијци трпеливо чекаат да потрошат илјадници евра за новите чанти од Прада и Витон. Сепак најубаво е да седите на некоја кафе-тераса, да нарачате макијато и да уживате во секој момент од времето што го поминувате таму.

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

Златен моден триаголник

Најдобриот моден златен триаголник се секако Миланските  улици  Via della Spiga, Via Sant Andrea и Via Montenapoleone. Овде не се само супер-модерните бутици, туку и цели згради каде што живее овој посебен свет , светот на модата. Освен италијанските модни креатори како што се Dolcce e Gabbane, Versace, Armani, Etra а тука го најдоа своето место и  други познати брендови. Нема толку ексклузивни продавници никаде на така мал простор. Rodeo Drive во Beverly Hills е само копија на Милано.

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

Тајната Вечера

Една од најпознатите слики во светот, дело на мајсторот  Леонардо да Винчи, е во Милано. Муралот за разлика од фреските се слика со темпера на сува подлога па затоа се добива висок сјај . Сликата е создадена во период од четири години. Се наоѓа во црквата Santa Maria delle Grazie.

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата - Милано

San Siro

После посетата на духовните храмови и т.н. модни „храмови„ , би било пожелно да биде посетен и еден „храм„ на фудбалот. San Siro е еден од легендарните стадиони познати на сите навивачи на фудбалот. Двата градски клубови  A.C.Milan и Internazionale се многу популарни, така што стадионот кој собира 80.000 навивачи често е премногу мал. Ако имате можност и сте љубител на фудбал San Siro е едно од местата во Милано кои секако треба да го посетите.

Travel Advisor – Europa

посетете гоYouTube каналот

за подетални информации и комплет аранжмани за Милано информирајте се во Т.А. Атлантис

„Колосалниот„-Родос

Музејот Данубијана – лоциран во срцето на Европа

10 најдобри ресторани во Будимпешта