Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.
Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.
Со овој мал фото албум ви ги пренесувам моите желби за многу среќа и здравје со молитва на денот,денот Велигден најголем симбол на животот ,симбол на верата ,симбол на надежта ,симбол на љубовта .
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА