Чилито херој на глобализацијата

Чилито херој на глобализацијата

 

 

Кристофер Колумбо ја напуштил Шпанија во 1492 година во потрага по нов свет. Тогаш, во Европа, црниот пипер беше користен како еден од најраспространетите зачини. Се користи и во медицината и како зачини уште од времето на Римјаните. Но сепак „Чили“е херојот на глобализацијата.Чилито херој на глобализацијата

Црниот пипер првично беше донесен од Азија и беше основа за тогашната трговија и тој како економски фактор учествуваше во изградбата на пристанишните градови како Александрија, а подоцна и во Џенова и Венеција. Во средниот век црниот пипер бил користен и како средство за плаќање.Откако Отоманската империја беше зајакната, рутите кон Азија се прекинаа, и беше потребен нов пат до Индија и понатаму кон исток. Па Колумбо тргна на запад за да бара нова трговска рута.Чилито херој на глобализацијата

Колумбо не ја најде Индија, но го нашол чили-то и почетокот на неговата доминација како зачин во светски рамки. Не само што овој зачин стана дел од кујната на јужна Европа, тој  исто така почнал да доминира и во  далечните земји како Индија, Тајланд и Кина. Толку многу е застапен во гастрономската културата на овие земји, што преовладува мислењето дека овој зачин потекнува баш од тие земји.Дури и денес, чили-то некаде е луксуз. Во сиромашни квартови на Индија и Кина, каде има многубројно население, секојдневно користат чили како зачин. Хранливата вредност на чили-то не може да се спореди со онаа на оризот или компирот, но стотици милиони луѓе го користат како единствен зачин .Чилито херој на глобализацијата

Која хемија го прави чилито херој на глобализацијата и толку посакуван?

Неговиот лут вкус се должи на една посебна состојка наречена капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи,толку е полут. Во поголеми количини, капсаицинот пече на усните, јазикот, грлото. Капсаицинот не дава само лутина, туку и  лековити својства што го прават чилито една од најздравите храни во светот.

Чилито е можеби првата билка која стана пример за глобализацијата. Наскоро почнале да се шират  пченката , компирот и доматите. На нив им требаше многу повеќе време да се прошират низ светот.Чилито херој на глобализацијата

 

Се верува дека прататковина на чилито е денешен Перу и Боливија. Лесен е за сеење па брзо се прошири на континентот и понатаму кон Карибите. Чилито го  има во          илјадници различни бои и форми.Во почетокот Европјаните не беа воодушевени од новиот зачин што Колумбо годонесе од Новиот свет. Но тоа не го спречи чилито на патот за освојувањена светот.Чилито херој на глобализацијата

Околу триесет години по откритието на Колумбо, португалските морнари ги засадија првите полиња на чили во Гои, Индија. Најверојатно е дојден од Бразил и се проширил преку Лисабон и стана ѕвезда во светските кујни.

За време на краткиот престој на Тајланд Португалците не ѓи покрстија домородците, па брзо заминаа. Но, тие зад себе го оставија чилито кој целосно ја промени локалната кујна.Чилито херој на глобализацијата

Само педесет години откако тргна од Јужна Америка, чилито се користи во различни делови на светот. Азија, Западна Африка, земјите од Магреб и Средниот Исток, Италија, Балканот, Источна Европа и Грузија го користат секојдневно.

Чилито херој на глобализацијата е заслужен за првата успешна глобална авантура!Чилито херој на глобализацијата

Travel Advisor – lifestyle

Posetite naš  YouTube kanal.

Vinska karta Italije – avantura probanja vina.

Projekat “12 veličanstvenih”

Putnici uvek traže nešto posebno – vodič po neobičnim mestima i događajima