Мадрид град полн со изненадувања

 


Што да се види во МадридKoга ќе се спомне  Шпанија, најчесто се помислува на Барселона и Андалузија. Мадрид е град полн со изненадувања, улици и места за истражување. Затоа, главниот град е изненадување за многумина. Што да се види во Мадрид?

„Gran Vía„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Главната улица во Мадрид е градена по примерот на Њујорк.  „Gran Vía„ е улица која е тешко да се види празна, а би било убаво да се восхитуваме и на архитектурата. Но таа е секогаш  полна со автомобили и луѓе, повеќето туристи.

„Palacio Real„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Кралската палата е место за официјален престој на шпанската кралска фамилија, но се користи само за државни прослави.Инаку таа е Најголема кралска палата во Западна Европа.

“Музеј Прадо”

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Шпанскиот национален музеј се наоѓа во паркот„Prado de San Jerónimo„ , по кој е и именуван. Во зградата на музејот се наога една од највредните колекции на слики и скулптури во светот.

„Puerta del Sol„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Тука се наоѓа симболот на градот Мадридска мечка, во чија чест е поставен бронзен споменик „El Oso„ и „El Madrono„.

катедралата

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Катедралата ја благословил  папата Јован Павле Втори. 1993 година и истата  е седиште на Мадридската Архиепископија.

„Plaza Mayor„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Главниот мадридски плоштад, познат како „Madrid de los Austrias„  , бил изграден од Хабсбурзите, со централна статуа на Филип III. Во близина на Plaza Mayor  се наоѓа „Kilometro cero„ , нулти километар што симболично го претставува центарот на Шпанија.

„Plaza de Toros de las Ventas„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Огромна е оваа арена за традиционалните борби со бикови. Се смета за една од најважните арени од овој вид во светот. Капацитетот на„Plaza de Toros de las Ventas„ е околу 25.000 места за седење со централна кралска ложа.

Пазарот „San Miguel„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Пазарот е во самиот центар на Мадрид, и тоа е неизбежно место за посета кога сте веќе во градот. Прошетајте овде, уживајте во богат избор на шпански деликатеси и секакп пробајте го пршутот.

“Parque del Retiro”

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Има над четириесет паркови во Мадрид. Најпознат е “Parque del Retiro” во кој има езеро каде можете да изнајмите чамец за веслање. Паркот е секогаш полн со луѓе, како домашни, така и туристи и е одлично место за одмор по еднодневната турнеа низ градот.

„Santiago Bernabeu„

Што да се види во МадридШто да се види во Мадрид

Мадрид сепак е и фудбалски град, па не треба да пропуштите да го посетите стадионот во Реал Мадрид, и ако сте обожавател на овој спорт потрудете се да посетите барем еден натпревар.

Мадрид е главен град на Шпанија и има над 3 милиони жители, а со пошироката околина и до 5 милиони жители. Се наоѓа во центарот на Полуостровот Пиринеј, на висорамнината  Месети на 635 метри надморска височина. Главен град на Шпанија станал во 16 век. Денес е седиште на шпанската кралска фамилија, бидејќи Шпанија е парламентарна монархија.

Travel Advisor – Europa

Posjetite naš YouTube kanal.

Gdje u Madridu uživati u hrani, piću i kulturi?!

Air Serbia launches nine new routes

 

Llanes, an untouched gem in Asturias, Green Spain