Јануари во Братислава

Во минатото значајно одбранбено и трговско место, денес главен политички, културен и економски центар – Братислава, главниот град на Словачка.

Јануари во Братислава

Стариот европски град кој со сигурност ќе Ве освои со својата гастрономски богата понуда и занимливо интересна историја. Сместена е во југозападниот дел од државата, на само 1 час од Виена, но и блиску до соседната Унгарија и поранешна „братска република“ Чешка. Својот зенит овој град го достигнува кон средината на 18 – от век под владетелство на императорката Марија Тереза (последната и најистакната владетелка од Хабзбуршката династија) за која е кажано дека била еден од најголемите љубители на локалните вина во овој град.

Јануари во Братислава

Низ историјата овој град е познат како главно „прибежиште“ за племството на Австро – Унгарија, и истиот долг временски период се нарекувал Pressburg. Но сепак на крајот од 90 – те, градските власти на Словачка решаваат да го обноват Стариот Град, па така поранешната европска визба (како што често била нарекувана од страна на Германците) набргу станува нова популарна европска дестинација.

Јануари во Братислава

Градот Братислава е град составен од средновековни архитектонски монументални градби искомбинирани со модерни грандиозни згради од 20 век.Повеќето од историските згради се наоѓаат во стариот дел од Братислава. Стариот братиславски хол е комплекс од три згради кои биле подигнати во 14 век и 15 век и сега во него опстојува Градскиот музеј на Братислава.

Јануари во Братислава

Михаеловата порта е единствена порта која била зачувана од средновековната тврдина и е една од најстарите објекти во градот. Зградата на универзитетската библиотека која е подогната во 1756 година била користена од страна унгарската администрација од 1802 до 1848.

Јануари во Братислава

Историскиот центар на градот е составен од повеќе барокни згради изградени околу 1760 година и денес тука се наоѓаат палатата на словачкиот претседател и владата на Словачка.Во дел од овие градби се одвивале значајни историски настани како на пример мировни договори или биле родени значајни историски личности.

Јануари во Братислава

Покрај овие згради, во овој дел од градот се наоѓаат и катедрали и цркви како на пример катедралата Свети Мартин изградена од 13 век до 16 век и служела како место за крунисување на унгарските кралеви од 1563 до 1830 година. Покрај неа, тука се и Франциската црква која датира од 13 век и црквата Света Елизабета која е попозната како Сина Црква поради нејзината боја.Останати значајни структури во градот се Новиот мост на реката Дунав кој има ресторан налик на НЛО, зградата на словачкот радио која е во форма на превртена пирамида.

Јануари во Братислава

Девинскиот замок бил долго време во рушевини и бил скоро обновен. Се наога во близина на реката Морава која пак ја оцртува границата со Австрија. Тој е еден од најзначајните словачки археолошки локалитети и има музеј кој е посветен на неговата историја.

Јануари во Братислава

Поради неговата стратешка позиција, Девинскиот замок бил значаен замок за Велика Моравија и за раната унгарска држава. Тој бил уништен од Наполеонските трупи во 1809 година и денес е значаен словенски и словачки историски симбол.

Јануари во Братислава 2020

Travel Advisor

YouTube

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Музејот Данубијана – лоциран во срцето на Европа

Која е „The Inferno Race„