Јордан приказна на блискиот исток

Јордан приказна на блискиот исток

 

Јордан е древна егзотична земја со неверојатна историја. Полна со легенди и традиции, богато културно наследство, архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Таа зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии. Официјалното име е Хашимитска Кралството Јордан. “Хашемитска” значи дека владејачката династија потекнува од фамилијата на пророкот Мухамед.

Јордан приказна на блискиот исток

 

Ако одберете да патувате во Јордан, треба да знаете што сакате да  видите таму. Јордан нуди многу содржини, а времето е секогаш кратко.Јордан приказна на блискиот истокИако сте туристи, мора да знаете дека треба да се однесувате тука во согласност со локалната култура, вера и традиција. Не ни помислувајте дека  одејќи  во шорцеви или мини-сукњи ке останете неприметени. Сите ќе гледаат во вас, а за многумина од жителите тоа ќе предизвика чуство на увреда.

Јордан приказна на блискиот исток

Градот Петра, е чудесно место и едно од светските чуда. Името Петра значи “карпа”, што е разбирливо кога ќе дознаете дека целиот град е врежан во карпата.

Јордан приказна на блискиот исток

Во ова прекрасно место може да се дојде само по тесен планински пат и карпеста клисура која достигнува  висина до 200 метри. Сепак,напорниот пат вреди, бидејќи она што ве чека е можеби најсмелото место во светот. Ќе бидете фасцинирани со способноста на древните цивилизации пред многу векови да се изгради град во карпа кој и ден денес привлекува  многу туристи.

Јордан приказна на блискиот исток

Една од најважните градби во Петра е ризницата  Khazne al-Firaun. Прекрасната архитектонска градба била наводно изградена, или подобро речено, изрезбана во 1 век п.н.е. Врз неа има големо влијание и римската култура па дури има  и римски амфитеатар. Во градот има бројни гробови и манастири кои се издвојуваат со својата убавина и изгледаат како скулпторски уметнички дела.

Јордан приказна на блискиот исток

Главниот град на Јордан е Аман. Тоа е модерна метропола  кој не е далеку зад урбаните центри и начинот на живот во западните центри и метрополи. Но,сепак се уште сме на Блискиот Исток, па Аман (како впрочем и повекето градови овде) се состои од два дела кои се сосема различни. Истокот е исламски и конзервативен.

Јордан приказна на блискиот исток

Овде можете да го проучите животот на традиционалните Јорданци и да разберете колку се разликуваат од нашите секојдневни животи. Западниот дел е посовремен и дава поинаква слика за жителите на главниот град на Јордан. Треба да ги посетите и двата дела на градот и да навлезете , ако сте во можност во животот на Јорданците за да ги запознаете сите тајни на оваа специфична култура.

Јордан приказна на блискиот исток

Wadi Rum или “Долината на Месечината” е пустинска област во јужниот дел на Јордан полна со пештери, лакови и карпи. Постојат бедуински кампови каде што можете да преспиете. Наместо хотелска соба можете да изнајмите шатор, наместо кафе да се напиете бедуински чај, наместо да ја поминете ноќта во ноќен клуб,  слушнете ја тишината на ѕвезденото небо.

Јордан приказна на блискиот исток

Мртвото Море е солено езеро од кое водата не истечува. Површина му е 600 km ² и се наога во депресија од 396 m под нивото на морето. Тоа е дел од јорданскиот процеп и е северно продолжение на т.н.  источно африкански процеп. Мртвото Море е најниско  езеро на Земјата, но не е и најдлабоко, иако дното  на езерото е на -794 метри надморска височина.

Јордан приказна на блискиот исток

На пат кон реката Јордан ќе забележите мала разлика во животната средина. По пустината почнува да се развива  вегетација. На местото на Исусовото крштевање воопшто нема вода и мора да се оди неколку стотици метри за да стигне до реката Јордан. Постојат капели и некои дрвени структури каде што можете да се одморите. Луѓето  облечени во бела облека се капат во реката. Израелците  поставија брана и го сменија текот на  реката Јордан, така што овде реката е прилично плитка.

Јордан приказна на блискиот исток

 

Travel Advisor

Посетете го YouTube

комплет аранжмани за Јордан

Некои од најубавите острови во светот

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Малтешки ред , тајните убавини на Малта