“Gulyás” , на десет места во Будимпешта

Будимпешта е дом на некои од најдобрите ресторани во светот. Постојат безброј ресторани, кафулиња и бистроa, кои можат да се пофалат со служење на одлична храна. Наоѓањето на вистинските автентични ресторани, кои одговараат на вашите пари е тешко.
Ако сте во потрага по вистинско гастрономско искуство, а не само оброк, следниве ресторани се одличен избор:

  1. Gundel 

Најпознат ресторан во Будимпешта. Овој ресторан постои на истата локација повеќе од 150 години. Гундел има стара кулинарна традиција и ги служи некои од најпознатите и вкусни унгарски јадења.
Ресторанот, исто така, има цигански бенд кој свири широк спектар на музика, од стари унгарски народни песни, до валци и современи хитови. Одлична храна, добра услуга и високи цени. Има висок и кодекс на облекување.

"Gulyás" , на десет места во Будимпешта

  1. Halászbástya Étterem (Fishermen’s Bastion Restaurant)

Во овој ресторан ќе уживате во кралскиот ентериер и најдобрата локација во градот. Има одличен панорамски поглед на градот и жива циганска музика.
Храната е добра и атмосферата е убава. Цените се високи.

  1. Csalogány 26

Овој ресторан во бистро стил е многу популарен меѓу локалното население, а речиси целосно непознат за посетителите. Се наоѓа во станбената населба во Buda, Csalogány 26 и е толку добро скриен што лесно може да го пропуштите.
Храната што ја служат е апсолутно божествена! Тие имаат одличен избор на вина. Ресторанот е мал и интимен, со многу пријатна атмосфера.

  1. Bagolyvár Restaurant (The Owl’s Castle))

The Owl’s Castle е поевтина верзија на Гундел. Ресторанот кој е исклучиво управуван од жени, се наоѓа многу блиску до Гундел. Во ресторанот се служи и ручек и вечера, а исто така има и дел кој се отвора во текот на летните месеци. Ова е подобра алтернатива за Gundel ако барате одлично место за јадење.

"Gulyás" , на десет места во Будимпешта

  1. Mátyás Pince (Matthias Cellar)

Еден од најстарите и најтрадиционални ресторани во Будимпешта. Ресторанот е именуван по Матијас Корвинус, еден од најомилените унгарски кралеви. Тие служат добра, традиционална унгарска храна и секоја вечер во овој ресторан свири Цигански бенд

  1. Szlovák Sörözö (Slovak Pub)

Оваа мала таверна лоцирана во центарот на градот е еден од омилените пабови во Будимпешта. Пабот служи одлична автентична словачка и унгарска храна по многу евтини цени.
Ако сакате оброкот по денот поминат на разгледување да ви е вкусен и срдечен тука нема да бидете разочарани.

"Gulyás" , на десет места во Будимпешта

  1. Café Gerbeaud 

Кафе Gerbeaud е една од знаменитостите на Будимпешта. За жал, она што некогаш беше најубавото кафуле во Будимпешта и местото на состанок на градската елита, стана туристичко, преценето и просечно место. Ако сакате да видите едно од најтрадиционалните кафулиња во Европа, треба да го посетите ова кафуле.

  1.  Café New York

Уште едно историско кафуле во Будимпешта кое служело како место за собирање на познатите ликовни уметници е Кафе Њујорк. Изграден кон крајот на 19 век, овој архитектонски дијамант мина низ некои бизарни трансформации со текот на годините.
Се наоѓа на приземјето на хотелот “Њујорк Палас”, ова кафуле прикажува богат и извонреден декор изработен од мермер, бронза, свила, кристал, кадифе.
Ова место е вредно да се види.

  1. Ruszwurm

Ruszwurm е едно од најубавите места во Будимпешта. Нивните вкусни колачи и кафе се извонредни. Се наоѓа во областа на замокот Буда, постои веќе 187 години и сè уште работи со голем успех. Ruszwurm е во сопственост на семејството Самос, позната конфекциска династија.
Цените се движат од умерени до високи, услугата е добра. Поради својата слава и локација, секогаш е предизвик да се најде маса тука.

"Gulyás" , на десет места во Будимпешта

  1. Europa Café

Europa Café е уште едно пријатно кафуле, со простор за седење во внатрешноста и надвор. Кафулето има голем избор на колачи и слатки. Europa Café е популарно место за локалното население. Атмосферата потсетува на малите париски кафулиња.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Чили зачинот – Херој на глобализацијата

Знаете ли кои инсекти можат да се јадат?

Божиќни саеми во Европа