7 Европски градови за пролетен одмор

 

Пролетта е идеално годишно време  за патување низ Европа.Гужвите се значително помали од летните или околу училишните распусти, а времето е идеално за патувања и прошетки. Градовите облеани со сонце и насликани со првите пупки од цвеќе нема да ве остават рамнодушни. Каде би можеле да одете на пролет? Избравме за вас 7 европски градови за продолжен одмор.

Рим

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Главен град на Италија и јужниот италијански регион Лацио, град со богата историја познат како Стариот град. Рим е центар со богата античка култура, од која останале многу споменици  до денес.

Севилја

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Град кој дефинитивно треба да се посети. Главниот град на Андалузија е лулка на многу шпански традиции, дом на вкусните tapasi и големи монументални споменици. Во текот на април, Севиља станува огромен саем: градот е поделен на два дела, еден дел со т.н. casetas-и кои припаѓаат на богатите семејства во Севиља, а другиот дел со забавен парк достапен за секого.

Прага

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Убавината на Прага е магична, па затоа туристите кои еднаш ќе го посетат поворно се враќат. Чешката престолнина има долга и богата историја која ги вклучува Кралството Бохемија, Хабсбуршката монархија и Австро-Унгарија, кога Прага играла многу важна улога на овие простори. Прага се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Минхен

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Минхен е најголемиот град во Баварија. Минхен е најголемиот центар на уметноста, напредната  технологија, најголемиот финансиски, културен, образовен, деловен и туристички центар во Германија и Европа. Вредното историско и културно наследство кое е видливо на секој чекор е неизбежна туристичка атракција.

Виена

 

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Историјата на Виена датира од првиот век по Христа, кога Римјаните формирале воена тврдина во местото Vindobon. Сегашната слика на градот ја обележал  барокот, особено за време на владеењето на царицата Марија Терезија и царот Фрањо Јосип, која го изградил луксузениот Виенски прстен или Ringstraße. Убавата Виена е вредна да се посети во секоја сезона, на пролет, сепак, со посебен шарм.

Париз

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Париз  заслужно спаѓа во најубавите градови во светот. Од неверојатни атракции, преку магичната Сена, Лувр, прошетка по платоата кои подсеќаат на сцени од романтичен филм. На сето оваа треба да се додаде прошетката по Елисејските полиња, кои можат да се споредат само со неколку светски авении. Уште една од европските дестинации кои треба да се доживеат во пролетта.

Будимпешта

7 Европски градови за пролетен одмор

7 Европски градови за пролетен одмор

Градот што претрпел многу војни и променил многу владетели, но сепак ја задржал својата специјалност. Зрачи со убавината на зградите , кои се мешавина на архитектонски стилови. Посетете ја оваа пролет  Будимпешта, бидејќи е најубава  пролетта.

Travel Advisor – Alpe Adria

http://www.atlantis.mk/mk/index

Венецијанскиот карневал-убавината со маска

Венеција наскоро со влезници

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот