“Aurora borealis” од каде се гледа најубаво

На Северниот пол овој ефект е познат како aurora borealis (или северна светлина), именувана по Аурора, римската божица на зората и грчкото име за северен ветер, Бореј. Поларната светлина во близина на магнетното поле може за се забележи високо над Земјата, но гледано од поголема далечина, таа го осветлува северниот хоризонт со зеленикав сјај или понекогаш со бледо црвена боја, па изгледа како Сонцето да изгрева од необична насока. Оваа светлина обично се јавува за време на рамнодениците. Низ историјата ѝ се давале голем број имиња. Крите (домородcки народ во Америка) овој феномен го нарекле “танцот на духовите”. Во Европа, во средниот век се верувало дека поларните светлини биле знак од Бога.

Нејзината јужна двојничка, aurora australis (или јужна светлина), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на АнтарктикотЈужна Америка и Австралија.

"Aurora borealis" од каде се гледа најубаво

Од каде најдобро се гледа поларната светлина?
Областа на северната поларна светлина претставува круг околу северниот магнетен пол. Областа од северна Норвешка која се наоѓа северно од Vesterålen се наоѓа во оваа зона. Па овде има најголема шанса за најдобар поглед на поларната светлина. Tromsø се наоѓа во центарот на полето на поларната светлина. Сепак има и други места во северната хемисфера кои се наоѓаат во оваа област. Сепак, освен Исланд, повеќето од овие области се слабо населени или воопшто не се населени, па за многу луѓе се едвај пристапни или целосно недостапни. Поларнaте светлинa понекогаш се гледа и од централните и јужните делови на Скандинавија, во делови од јужна Канада и Средниот Запад, односно САД и Алјаска.

Всушност областите каде што загадувањето на воздухот е многу мало, се најдобрите места од каде што може да се види светлината на Аурора. Областите на север, каде живеат помали заедници, ја имаат предноста да бидат најдобро место за да се види оваа чудесна појава.

"Aurora borealis" од каде се гледа најубаво

7 места со најдобар поглед на поларната светлина

Гренланд

Гренланд може да се пофали дека е едно од најдобрите места во светот од каде се гледа поларната светлина. Ова место ке ве воодушеви, без оглед на студот што владее таму.

Лапонија

Во делот од Лапонија кој се наоѓа на шведската страна Аурора може да се види секој ден од годината, понекогаш во послабо издание, но понекогаш во бајковита светлина и убавина. Во делот што е на финската страна, исто така, можете да го набљудувате овој бајковит природен феномен. Ги воодушевува туристите и локалните жители скоро двесте ноќи годишно.

Канада

Мистичната светлина над Канада може да ја видите ако сте далеку од градската толпа, и тоа најдобро од Онтарио, каде што се организираат и уникатни патувања за гледање на овој феномен. Едно од областите над кои особено е активна поларната светлина е Јукон.

"Aurora borealis" од каде се гледа најубаво

Алјаска

Планините на Аљаска се убави и идеални за набљудување на поларната светлина. Исто така овде има и хотели кои се специјализирани за одмор и за уживање во поларната светлина.

Русија

Мурманскиот регион е еден од најпопуларните помеѓу руските туристи. Аурора може да се види од многу места во близина на Мурманскиот регион, а едно од нив е селото Териберак, оддалечено 120 километри.

Норвешка

Норвешка нуди фасцинантна можност да уживате во Аурора и најдобро се гледа од студениот Тромс, кој е исто така познат и по фестивалот на боговите на зората.

"Aurora borealis" од каде се гледа најубаво

Исланд

Исланд е една од земјите со најдобар поглед на светлината, а за нас е една од најблиските дестинации. Исландските жители можат да го гледаат феноменот осум месеци во годината, видлив е од Рејкјавик, но вистинското искуство ќ его почувствувате кога ќе излезете од градското подрачје.

Аурора обично изгледа како голема пламена завеса на небото, а оние кои го немаат видено во живо сигурно гледале барем слики. Временските услови одредуваат дали поларната светлина е видлива или не.

Travel Advisor – Патувања

Посетете го нашиот YouTube канал.

Пет најубави места за патување периодот

Декември во Европа – места кои треба да ги посетите

Метеора , духовноста на врвот