Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

 

Индонезија дом на сите религии.

Prambanan е комплекс  храмови од 9 век во  регионот Yogyakarta, Индонезија, посветено на  Trimūrti, израз за Бог како Создател (Brahma), чуварот и заштитник (Vishnu)  и „крајот на почетокот и почетокот на крајот„ (Shiva).Ако можеме да повлечеме некакви паралели помеѓу религиите ,приближно во христијанството тоа би било најблиско на филозофијата на Бог како создател , Бог чувар , заштитник ,и негативната сила но не разберена само како уништувачка туку како сила на крајот заради нов почеток, во склад со филозофијата на реинкарнација.

Borobudur & Prambanan, Индонезија
Exif_JPEG_PICTURE

Храмот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, и е најголемото хинду светилиште во Индонезија и второто по големина во Југоисточна Азија. Тој се карактеризира со висока и зашилена архитектура, типична за хиндуистичката архитектура и со висока централна зграда од 47 метри  во голем комплекс опкружен со многу други храмови.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Целиот комплекс се состои од следните храмови:

3 храмови во Тримурти: три главни храмови посветени на Вишну, Шива и Брама
3 храмови на Вахана: три храмови пред храмовите Тримурти посветени на ваханата на секој Бог; Гаруда, Нанди и Хамса
2 Апит храмови: два храма сместени меѓу редовите на храмовите Тримурти и Вахана од север и јужна страна
4 храмови на Келир: четири мали светилишта сместени на 4 кардинални насоки веднаш над 4-те главни порти на внатрешната зона
4 храмови на Паток: четири мали светилишта сместени на 4 агли на внатрешната зона
224 храмови на Первара: стотици храмови наредени во 4 концентрични квадратни редови; број на храмови од внатрешниот ред до надворешниот ред се: 44, 52, 60 и 68.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Суштината на оваа големо светилиште а уште повеќе на неговата филозофија сигурно нема да можеме да ја доловиме овде но можеме да ви овозможеме преку еден мал фото-албум барем да ја почуствувате неговата грандиозна мистичност.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur е будистички храм на Mahayana Buddhist temple од 9 век во Muntilan, во Central Java, Индонезија. Тој е најголемиот будистички храм на светот.  Храмот се состои од девет наредени платформи, шест квадратни и три кружни, на врвот од централната купола. Декориран е со 2.672 релјефни панели и 504 статуи на Буда. Централната купола е опкружена со 72 статуи на Буда, секоја седи на перфориран столб.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Изграден е во 9 век за време на владеењето на династијата Саилендра, храмот ја следи јаванската будистичка архитектура, што го меша индонезискиот домороден култ на богослужба на предците и будистичкиот концепт за достигнување на Нирвана.

Borobudur & Prambanan, Индонезија Храмот ги демонстрира влијанијата на уметноста Гупта што го отсликува влијанието на Индија врз регионот, но сепак има доволно локални  елементи вклучени за да го направат Боробудур уникатно Индонезиски. Споменикот е светилиште на Божествениот Буда и место за будистички аџилак. Патувањето на аџиите започнува во основата на споменикот и ја следи патеката околу споменикот, која се искачува на врвот преку три нивоа симболична за будистичката космологија: Kāmadhātu (светот на желбите), Rūpadhātu (светот на формите) и Arūpadhātu (светот на (малку тешко преводливата) formlessness, без-формност,или на западните цивилизации формално позната како состојба на нирвана). Споменикот ги води аџиите преку широк систем скалила и ходници со 1.460 наративни релјефни панели на sидовите.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

И овде ќе мораме да се потпреме на визуелните убавини на храмот преку краток фото-албум , бидејќи и во двата случаја покрај визуелната убавина вистинското значење и вистинската убавина на овие храмови лежи во нивната длабока мудрост и филозофија.

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Благодарност за фотографиите и непосредното искуство на Т.А. Атлантис.

Travel Advisor

YouTube

Продуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“

Израел , земја на верите

Запознајте ја Македонија – интересни факти