Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

 

‘City break’ е краток престој во голем град, обично само неколку дена, а на саканата дестинација по релативно ниска цена треба да ја искористите максималната понуда. Најчесто вклучува турнеја низ некоја светски позната метропола, и лесно можете да ги искористите овие аранжмани по многу прифатлива цена. За да ви помогнеме  и да ви заштедиме , ќе ви презентираме пет поволни и атрактивни дестинации за‘City break’.

 

1.Љубљана, Словенија

Иако е еден од најмалите главни градови во Европа, Љубљана ја доби наградата на модерна урбана метропола и неодамна стана многу популарна туристичка дестинација. Богато културно наследство, импресивна културна сцена, осумте театарски куќи, 13 музеи и зоолошка градина која е дом на околу 150 видови животни, се доволни за да ве окупираат за време на вашиот престој.

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

2. Белград, Србија

Во однос на забавата и гастрономијата, со својата убавина и богатото историско наследство, Белград има многу да понуди. Градот навистина живее 24 часа на ден, 7 дена во неделата во сите сфери, и ако планирате да ги посетите клубовите, сплавовите, рестораните, театарски претстави за само три дена, очекувајте дека ќе се вратете од овој одмор сосема исцрпени. Но, Белград е достоен за тоа.

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

3. Салцбург, Австрија

Иако Салцбург не е премногу голем, тој е посветен на туризмот, така што е убаво да се остане во него неколку дена и да се види и да се доживее по нешто различно секој ден. Градот и неговата околина се богати со разновидни и интересни понуди, така што во стариот дел на градот скоро нема други луѓе освен туристи. Градот има добро замислен јавен превоз кој е брз и одлично организиран. Секако, ќе ви биде најдобро ако купите Salzburg Card, затоа што со неа добивате влезници за сите атрактивни места и слободен градски превоз.

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

4. Амстердам, Холандија

Амстердам е град каде што можете да поминете неколку дена истражување и да го бараате  подлабокото значење на животот во една од 250 продавници  „koffi„ . После искуството на  духовно вознесение, добро е да се спуштите на земјата и да прошетате низ градот. Некому ќе му бидат интересни  кафулињата, на некои црвената четврт а на некој ноќната гарда во Rijksu. Она што не треба да се пропушти е возење со брод низ каналите.

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

5. Берлин, Германија

Што има Берлин за разлика од другите градови ? Има локално население чиј малку груб и неодолив шарм е првиот дел од искуството. Да го додадеме на тоа  фактот на импресивна бројка на објекти кои ја раскажуваат историјата на една цела нација и имате неодолива комбинација.

Белград, Љубљана, Берлин и уште нешто

 

Travel Advisor – Europa

Посетете го YouTube kanal.

посетете ја понудата на Т.А. Атлантис City Break

Братислава…„Vitajte v krásnej Bratislave“

7 Европски градови за пролетен одмор

Виена 2019 уметност на убавината