“Huangshan” – Прошетка низ мостот на бесмртните?

Хуангшан или Жолтата планина е планински венец во источна Кина и добро познато  место во тој регион. Целиот опсег се состои од гранитни врвови, неверојатни пејзажи, височини и прекрасно зајдисонце.Планините Хуангшан во источна Кина, биле формирани пред повеќе од 100 милиони години. За тоа време, тие илјадници пати се смениле по форма и изглед.

"Huangshan" - Прошетка низ мостот на бесмртните?

Најпознатото обележје на овој планински венец е Мостот на Бесмртните. Ова е мост на најголема надморска височина во светот. За да стигнете таму, треба да имате авантуристички дух, како и многу храброст.

"Huangshan" - Прошетка низ мостот на бесмртните?

Преминувањето на мостот води кон пештера длабоко во карпата. Погледот кон планината  е спектакуларен.

"Huangshan" - Прошетка низ мостот на бесмртните?

Мостот од бајките  поврзува две карпи на надморска височина од 1320 метри надморска височина. До 1987 година, локалното население мораше да оди над бездната по старата висока патека, многу луѓе овде паднаа – па оттука и името „мост на бесмртните“. После изградба на мостот е многу по безбедно за пешаците, но поранешната лоша репутација на ова место остана.

"Huangshan" - Прошетка низ мостот на бесмртните?

Ова место е чиста магија за планинарите и алпинисти и е нешто што секој треба да го доживее. Исто така, е место заштитено како светско наследство на УНЕСКО и една од поголемите туристички дестинации во Кина.

Travel Advisor

YouTube

Време е да се размислува за декемвриските дестинации

„mystique“, Корзика

ГАУДИ & БАРЦЕЛОНА -повик за патување