Острови во Тајланд за кои сонувате!

Острови во Тајланд

Ладно, магла, снег … Да, но постои место каде сонцето секогаш сјае. Такво место е Тајланд. Пријатната клима на Тајланд, за време на нашата европска зима е вистинска мамка за туристите. Меѓу туристите кои го посетуваат Тајланд најбројни се Европејците.

Масовниот туризам одамна го зазеде своето место во Тајланд и повеќето места веќе се преплавени со туристи. Најчесто посетени места на Тајланд од страна на туристите се рајските острови на Тајланд.

Но кои острови се “вистинските” за да се посетат? Еве некои од најпознатите острови на Тајланд:

Пукет

Со планини на чии врвови се наоѓаат џунгли, шампионатот за голф и меѓународно познатите плажи, Пукет е идеално место за многу странци од целиот свет. Како најголем остров во Тајланд, има речиси сè што Ви треба.

Пи Пи Острови

Островите Пи Пи се наоѓаат на 40 километри јужно од градот Краби. Претставуваат дел од Националниот парк Phi Phi-Hat Nopparat Thari. Пи Пи Дон, најголемиот од Пи Пи островите, првично бил населен со муслимански рибари. Подоцна станал плантажа за производство на кокос. Денес островот е претежно ориентиран кон туризмот. Забрането е пиење алкохол на јавни места, но е нормално да се служи во секој ресторан или бар.

Неизбежна дестинација за секој турист е плажата на заливот Маја. Се наоѓа на островот Пи Пи Лех. На оваа плажа е снимен познатиот филм “The Beach”каде главна улога беше Леонардо Ди Каприо.

Самата плажа и пред тоа беше популарна, но сепак, бројот на туристи значително се зголеми после премиерата на филмот. Се препорачува да се посети рано наутро или доцна попладне кога има помалку туристи на островот.

До плажата е најдобро да се дојде со изнајмен брод со долга опашка, којшто е типичен Тајландски брод, и кој е значајна препознатливост за ова место. На истата тура, исто така, може да се организира посета и на други острови. Од плажата на мајмуните, каде што е можно да се видат тајландските мајмуни, до пештерата Викинг именувана по праисториските цртежи од викиншки бродови. Ова е популарно место за нуркачите.

Ова мало место има импресивна понуда на ресторани и храна. Рестораните нудат риби, ракчиња, јастог и неизбежна тајландска кујна. Атракција е реге бар каде што се наоѓа боречкиот ринг за Muay Thai. Туристите можат да ја вежбаат оваа популарна национална боречка вештина. За наградата добиваат медал.

Алпинистите на островот се привлечени од карпите со високи вертикални варовнички ѕидови. Тие стигнуваат до 314 метри на островот Phi Phi Don и до 374 метри na Phi Phi Leh.

Љубителите на подводниот свет можат да уживаат во прекрасните корални гребени, па дури и да  нуркаат со морски кучиња. Оние помалку храбрите, можат да се одлучат за искачување на некое место од каде можат да добијат поглед на цел остров кој го одзема здивот, да отидат на тајландска масажа или едноставно да уживаат во сонцето на прекрасните плажи, со коктели и во неодоливата природа што го прави овој остров совршено место за релаксација и уживање.

Острови во Тајланд

Ко Тао Остров

Ко Тао е најпознатиот остров за сите нуркачи. Полека, но сигурно се претвора во најдобриот центар за нуркање. Годишно таму се издаваат повеќе од 7.000 сертификати за нуркање, што кажува многу за посетеноста на островот. Подводниот свет на Ко Тао е заштитен како воден национален парк. Ко Тао е идеален и за оние кои се во потрага по скромна и прекрасна природа, а сепак добри плажи.

Патување за Тајланд организира туристичката агенција АтлантиС.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Некои од најубавите острови во светот

Плажата Кута – Занимливости и кратко видео

Островот Бали – што да се посети?