Travel AdvisorTravel Advisor

Skyway, возење по жица

Courmayeur, Aosta е последното место во Италија ситуирано пред влезот во тунелот што поминува низ планината Mt.Blanc или Monte Bianco како што го нарекуваат Италијанците. За скијачите местото е познато како добро високо алпско скијалиште. Многумина пред да продолжат понатаму остануваат ден или два тука за скијање. Притоа уживајќи и во погледот што се пружа при возењето со SkyWay жичарата. Во зима повеќето гости се италијанци, но има се повеќе и повеќе странци.

Од другата страна на тунелот се наоѓа легендарниот Chamonix во Франција. Покрај легендарните скијачки центри, исто така е познат и по тоа што таму се наоѓа една од најспектакуларните жичарници кои водат кон L ‘Aiguille du Midi. Aiguille du Midi е планински врв во француските Алпи на надморска височина од 3.842 м.

Skyway жичарата, која води до врвот била изградена во 1955 година и го задржала рекордот како највисока жицарница во светот во последните две децении. Сè уште држи рекорд за највисоко вертикално искачување во светот 1035 м. Skyway жичарата е достапна за туристите цела година и пожелно е на време да резервирате и купите билети на интернет, бидејќи практично е невозможно на друг начин поради метежот и гужвите од туристи од целиот свет. Возењето со жичарница е дел од повеќе европски патувања, особено за туристите од Далечниот Исток.

Веројатно тоа било мотивот за Италјанците од старата жичара, да направат нова, подобра и помодерна жичара која вози од 1.300 м од точката Pontal d’Entreves која се наоѓа во близина на влезот во тунелот, до 3.466 m до Punte Helbronner. Кабините се вртат 360 степени и нудат одличен поглед на Алпите за сите. Секако ако се добри временските услови.

Погледот од 3.466 м висина е веројатно еден од најспектакуларните во Европа. Од овде може да се види врвот на планината Mt.Blanc, којшто е многу близу, потоа глечерите околу него, и познатата скијачка долина Vallee Blanche, од која може да се слегне до Chamonix (Шамони). Скијачката патека е долга 20 километри и не е препорачливо да се скија без водич поради големиот број на провалии и дупки во глечерот. Од Punte Helbronner можат да се видат во далечината и останатите врвови кои се високи над 4.000 метри: Матерхорн, Монте Роса и Гран Парадизо.

Во лето или зима, возењето со SkyWay жичарата е прекрасно искуство. До влезот во гондолата има гаража и паркинг. На средната станица и на врвот има барови со добри сендвичи и вистинско еспресо. Можеби ова е вашата шанса за највисоко еспресо во Европа.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Vail Resorts компанијата – водечка во ски-светот

Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава

Трката Inferno – најголемата аматерска скијачка трка

Previous articleИНСБРУК, чекор до светот на КРИСТАЛИТЕ
Next articleПосетете ги старите визби, вкусете вино и откријте нешто ново