Val d’Isere – идиличен ски-центар како од бајките за Снежана

 The Gourmet Skisafari Alta Badia

Ски реcортите не спијат кога нема снег. Голем број од нив се прилагодуваат на годишните времиња и организираат разни активности, гастрономија и екскурзии за авантуристите.
Сите сериозни скијачи знаат дека Val d’Isere е најдоброто скијачко одморалиште. Толку многу добри, долги и стрмни падини, веднаш до прекрасно село, не може да се најде на ниедно друго место на Алпите. Но, како изгледа скијачкото одморалиште за време на летото?

Val d’Isere

Изгледа многу привлечно. Не работат сите хотели и апартмани, но сепак работат доволен број од нив кои го задоволуваат потребниот капацитет од побарувачката. На врвовите Solaise и Face de Bellevarde се оди бесплатно, со жичарница.

На врвот Solaise има уредени шеталишта, и мало езеро за кое малкумина знаат дека постои затоа што во зима е покриено со дебел мраз. Во кафулето до езерото можете да изнајмите опрема за риболов.

Од друга страна пак, на врвот Bellevarde има бројни патеки за планински велосипедизам. Тие се добро означени така што се обележани со бои како ски патеките, така што секој може да избере што му одговара. Велосипедистите се облекуваат во светли бои и оклопи како хокеј играчите, а возењето се одвива надолу по падините што се наменети за скијање.

Val d’Isere

Во самото село атмосферата е одлична. Локалниот туристички оддел организира нешто секоја недела. За децата се организираат игри и разни активности, а за велосипедистите, трансфер до Col de Iseran и спуштање до селото. Токму овој премин од Val d’Isere е еден од најголемите магнети. Претставува четвртата највисока планина на Алпите, која достигнува до 2762 метри. Полна е со велосипедисти кои на теренот се обидуваат да ја достигнат брзината на нивните идоли од трката на Tour de France. Исто така има и голем број мотоциклисти од различни земји.

За оние кои се помалку заинтерсирани за авантура, во селото постои затворен базен за зима и лесни прошетки во околината. Val d’Isere се наоѓа во долината, па лесно може да се најде вистинската патека.

Val d’Isere

Гастрономијата е вистински Алпска. Се нудат локални специјалитети како сирење и билки. Во околината на селото можете да ги посетите големите млекарници и да погледнете како се прават најпознатите швајцарски сирења. Престојот во Val d’Isere нема да биде целосен без Fondue Savoyarde или Raclette вечера. Местото е рај за душата и очите. Најдобар одмор за вас.

Travel Advisor – Europe.

Посетете го нашиот Youtube канал.

Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава

Vail Resorts компанијата – водечка во ски-светот

Трката Inferno – најголемата аматерска скијачка трка