VIVA … МеХико

VIVA ... Мхико

Мексико се наоѓа на 23-тото место на листата на туристички земји и на првото место од државите од Латинска Америка .

VIVA ... Мхико

 

Најголем број туристи доаѓаат од САД и Канада.Исто така, голем број туристи доаѓаат и од Европа и Азија, а помал број  од Латино-Американските држави. Во 2018 година, според Индексот на патувачка и туристичка конкурентност Мексико го зазеде 5-тото место меѓу државите од Латинска Америка, а на 9-тото место во рамките на Америка.

VIVA ... Мхико

Мексико Сити е најатрактивниот град за туристите поради неговата Мезо-Американска историја и туристичките атракции како што се Сончевата пирамида и Месечевата пирамида. Тука се наоѓаат и плоштадот (Plaza de toros México) и Мексиканската националната палата (Mexican National Palace) и огромната Метрополитската катедрала (најголема на западната политопка којашто е изградена на Теокалскиот храм).

VIVA ... Мхико

ГвадалахараХалиско, е вториот најголем град по големина на популацијата во Републиката. Таа е домаќин на најпознатите мексикански традиции како што се: текилатамаријачите и коњаниците или мексиканските каубојци.

VIVA ... МхикоНејзината сличност со западно-европските држави измешана со модерна архитектура ја прави Гвадалахара уште поатрактивна за туристите. Заедно со Мексико Сити и туристичките дестинации (КанкунАкапулко, итн.), Гвадалахара е една од најпосетените градови во Мексико.

VIVA ... МхикоИсто така и културниот живот во Гвадалахара е една од нејзините карактеристики. Тука спаѓаат големиот број музеи, уметнички галерии и театри кое се едни од главните атракции на градот.

VIVA ... Мхико

Монтереј е основан при крајот на 16 век. Центарот на градот е најстароградскиот дел во градот и е опкружен со модерни соседства. Тука се наоѓаат најпознатите музеи во градот а и во целата држава, а тоа се: Музејот на мексиканската историја (The Museo de historia Mexicana),

VIVA ... Мхико Музејот за современа уметност Монтереј (MARCO– Monterrey Museum of Contemporary Art), Метрополитскиот Музеј во Монтереј и Музејот на владината палата (Palacio de Gobierno). Популарно туристичко место е патеката покрај коритото на реката Санта Лусија, којашто го поврзува паркот Фундидора со Макроплаза, којшто е еден од најголемите плоштади во светот.

Travel Advisor

Посетете го нашиот YouTube канал.

Патеката на Инките , неодолива со нејзините пејсажи

Перт – Лондон, без слетување !!!

Употребата на циметот – која е неговата тајна?